еМагазин
Image default
Македонија

За вториот изборен круг акредитирани 1.598 набљудувачи, новинари и преведувачи

За вториот круг од Локалните избори 2021 акредитирани се вкупно 1.598 домашни и странски набљудувачи, новинари и преведувачи.

Нивниот број е поголем за 347 во споредба со првиот круг кога беа акредитирани 1.251.

Од домашните најбројни се од Граѓанската асоцијација АКСИОС 2017 и од Здружението ЦИВИЛ, а останатите се од Центар за слобода Скопје, Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција Мак-Сонце, од Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид-Скопје, од Национален ромски центар, од Граѓанска превенција „Превенција за време на избори“ и од Здружението Млади европски федералисти – ЏЕФ.

Меѓу странските најмногу се од Специјалната мисија за проценка на изборите на ОБСЕ/ОДИХР и од американската Амбасада, а изборите ќе ги следат и набљудувачи од ИФЕС, британската Амбасада, амбасадите на Франција, на Унгарија, на Албанија, на Русија, Холандија, Италија, Чешка, Хрватска, Косово, Грција, Бугарија, Шпанија, Летонија и Австрија, како и од Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина.

Акредитирани се и 10 странски новинари.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мијалков за „Трезор“ пак ќе треба да се појави на суд на 21 декември

Редакција

МВР: Проблемот со двојните матични броеви датира од 1981 година

Редакција

(Фото) Пристигнаа 30.000 вакцини од кинеските „Синовак“, донација од Турција

Редакција