еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Забрана за свадби и прослави во затворено во Тетовскиот регион, бараат Филипче и Комисијата за заразни болести

Министерот за здравство Венко Филипче на утринска координација со членови на Комисијата за заразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во Тетово и се договорија до Главниот кризен штаб на Владата да предложат нови мерки за овој регион, за да се спречи рапидното ширење на вирусот Ковид-19.

– Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот. Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење на вирусот, се наведува во соопштението на Министерството за здравство (МЗ).

МЗ посочува дека анализите кои беа изработени изминативе денови од страна на Инистутот за јавно здравје (ИЈЗ) укажуваат дека, вирусот пред се се шири кај невакцинираните, при што над 90 отсто од новите случаи се невакцинирани граѓани.

– Од друга страна опфатот со вакцинација е под 20 проценти во Тетово. Како кластери каде најбрзо се шири вирусот се свадби и прослави на затворено кои ги има многу во овој регион, а според информациите на локално ниво воопшто не се почитуваат мерките за превенција, пред се носење маски на затворено, се додава во соопштението.

МЗ наведува дека министер Филипче и членовите на Комисијата предлагаат забрана за оджрување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави, што е клучно да се почитува во следниот период, а граѓаните мора да разберат дека оваа мерка е нужна, потоа исполнетоста на затворениот дел од угостителските објекти да не смее да надминува 30 отсто, а на масите да не смеат да седат повеќе од 4 лица, засилени контроли за спроведување на овие мерки, но и мерките за лична заштита и тоа пред се носење маски на затворено и засилување на теренската вакцинација и комуникацијата на локално ниво со цел зголемување на опфатот, бидејќи е јасно дека само со вакцинација може да спречиме и ширење, и ризици од тешко заболување кај пациентите.

– Од анализата на ИЈЗ за изминатиов период само 11 пациенти досега се воопшто хоспитализирани кои биле целосно вакцинирани, само 167 воопшто се инфицирале од преку 400.000 вакцинирани граѓани, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција: Весникот „Документо“ објави нова листа со прислушувани со софтверот „Предатор“

Редакција

Не сум учествувал на никакви тајни средби: Груевски го демантира Ахмети

Редакција

Истрагата за тунелот кој го ископаа затворениците во Идризово траела два месеци

Редакција