еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Јас ќе бидам кандидат за премиер, крајот на декември ќе се знае кој ќе биде технички премиер

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека на претстојните парламентарни избори во април следната година повторно ќе биде кандидат за премерското место.

-Јас ќе ја водам кампањата, јас ќе бидам кандидат за премиер, но за тоа ќе треба да одлучат органите на партијата и коалицијата. Јас сум радосен што ќе и се посветам на партијата. Ќе се посветам за да се понудам уште еднаш на граѓаните. Јас барам нов, чист, цел мандат за да продолжиме. Сега топката е кај граѓаните и тие ќе ја дадат насоката по која треба да се движиме. СДСМ ќе излезе со модернизарен тим и модернизирана програма, рече Заев.

На прашањето дали Оливер Спасовски ќе биде новиот технички премир, Заев рече дека на ова ќе може да одговори на крајот од декември.

– Јас би го повлекол Оливер Спасовски во партијата заедно со генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски за да ја истрчаме кампањата. Спасовски бил секретар и има искуство, но истовремено треба да внимаваме и на државните работи за првите тимови на одговорност, рече Заев.

Посочи дека немаат ниту причина, ниту право, ниту обврска брзо да одлучуваат.

– Крајот на декември ќе ја донесеме одлуката на координација во СДСМ, а потоа и со партнерите од коалицијата, кој ќе биде технички премиер, кој ќе бидат дополнителни заменици министри во внатрешни и труд и социјална политика, а опозицијата ќе си одлучи за своите места, истакна.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ за потпишувањето на пристапниот Протокол за НАТО: Ова е важен ден за државата

Редакција

Авторот на интервјуто со Борисов: Бугарија прави сѐ за да го загуби пријателството со Македонците

Редакција

Убава вест: Оздравени 854 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција