еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев ќе поднесе оставка следната недела, за успехот на Ковачевски како премиер предвидува дека ќе биде меѓувладината конференција

Премиерот Зоран Заев вечерва најави дека оставката на премиерската функција ќе ја поднесе во текот на наредната недела.

Очекува по формализирањето на оставката во Собранието, неговиот наследник како нов премиер да биде Димитар Ковачевски, а првиот успех на Владата да е одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ.

– Овие денови завршуваме со консултациите со коалициските партнери. Тоа што можам да го кажам е дека се заокружуваат важни процеси и програмски и владини и кадровски, така да ќе ја донесам одлуката некаде на почетокот на следната седмица и штом ја донесам веднаш ќе соопштам и кога точно ќе биде формализирана пред Собранието, изјави Заев за ТВ 24, кој вечерва во седиштето на СДСМ и формално му ја предаде лидерската фуннција на новиот претседател на партијата Димитар Ковачевски.

Во однос на бугарското вето, Заев не губи надеж дека новата бугарска влада ќе ги даде позитивните реакции. Вели дека македонската страна е на располагање да се допрецизираат деталите со Владата во Софија.

– Знаејќи дека на 13-ти се формираше новата бугарска влада, не можете да очекувате на 14-ти Советот за општи работи каде што присуствуваат министрите да донесат одлука. Јас навистина не губам надеж дека новата бугарска влада со помош на претседателот Радев ќе ги дадат позитивните реакции.

Конечно имаме дадено наши одговори и верувам дека се надминати сите недоразбирања. Ако остануваат детали ние сме на располагање како држава, под раководство на идниот премиер да ги допрецизираме и да ги разговараме, рече Заев.

Соопшти дека со новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков разговарале дека не подоцна од шест месеци прашањето треба да се реши и се согласиле дека треба да се формираат работни групи за енергетика, инфраструктура, економија, култура, здравство за, како што кажа, да можат да создаваат амбиент да се надминат проблемите.

Заев очекува токму одржувањето на првата Меѓувладина конференција со ЕУ да биде и еден од првите големи успеси на новиот премиер Димитар Ковачевски.

Тој смета дека не се потребни предвремени парламентарни избори за да може државата, односно економијата да расте и да се развива.

Од Ковачевски како нов претседател на СДСМ очекува да ги чува вредностите на партијата, а тоа, како што рече, се солидарноста, слободата, демократијата, еднаквоста меѓу граѓаните, и заради тоа што преку оваа партија и е потребен на татковината.

– Да го негува и во партијата и во државата и слободата и демократијата заради тоа што тоа се вредности коишто и крв сме прелиле во минатите години кога се боревме за самите вредности, а секако токму СДСМ е една од најголемите државотворини партии кои во сите овие 30 години независност ја одигра својата државничка улога.

Аманетот е да победува на следните избори за социјалдеморкатијата и своите вредности да бидат уште повеќе имплементирани во нашето современо општерство, но секако и преку ваквите победи да го гарантира евроатлантскиот пат на државата, да има доволно трпение и да биде подобар претседател од мене, рече Заев.

Додаде дека Ковачевски е извонредно погоден за околностите пред кои е исправена земјата, а тоа е, како што рече, пред се економскиот предизвик.

– Се работи за човек сериозен интелектуалец, доктор на науки, којшто знае да праша, но не дозволува некој да му се наметнува или да диктира од страна, рече Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски најави промени во раководството на СДСМ

Ковачевски од Заев ја презеде функцијата претседател на СДСМ

МИА/Фото: СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Послание на г.г Стефан за Велигден: „Да се чуваме од меѓусебни поделби, коишто водат до нарушување на нашето сенародно единство“

Редакција

Осуденик се обидел да побегне од Идризово, физички нападнал вработен

Редакција

Лидерот на ЛДП, Милевски: Ако денеска се одлучува на Влада за францускиот предлог, ќе гласам против

Редакција