еМагазин
Image default
Македонија

Заев и неговите најблиски соработници да обезбедат мирна транзиција на власта, порача Милошоски

Пратеникот и член на Извршниот комитет  на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната прес-конференција му порача на премиерот Зоран Заев и на неговите најблиски соработници, Венко Филипче и Оливер Спасовски да обезбедат мирна транзиција на власта.

– Времето на Зоран Заев помина и што ќе се случува во СДСМ нас не не интересира, тоа е нивна работа, но што ќе се случува во Собранието ќе види Заев уште во текот на утрешниот ден кога на Владата на Заев која е во оставка ќе и биде изгласана недоверба, рече Милошоски.

Затоа, како што истакна тој, му порачуваме на Заев премиерот во заминување и на неговите најблиски соработници Филипче и Оливер Спасовски да се спремат за мирна транзиција на власта, испорачувањето на недовербата на Владата и формирањето на ново собраниско мнозинство и нова влада која што ќе нуди решенија за проблемите кои што ги создадоа Заев, Филипче и Спасовски.

-Сметам дека доаѓа време за одговорност за сите нивни злоупотреби, доаѓа време за нов почеток, за поспособни луѓе, за нова Влада и за ново парламентарно мнозинство, додаде Милошоски.

МИА/Фото: Фејсбук/Милошоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За звучни имиња Панчевски одлучувал кај кои судии ќе одат, сведочеше службеничка од Кривичен

Редакција

Обвинителството формира Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности​

Редакција

Заев: Треба да се утврди дали Груевски е надвор од државата за да се знае дали е во бегство или не

Редакција