Предлог законот за пописот е пуштен во парламентарна процедура која ќе трае. Пописот е во согласност со стандардите со Евростат, информираше денеска премиерот Зоран Заев, додавајќи дека на оваа тема е важна и соработката со опозицијата.
Тој изрази верување дека идната недела ако е слободен лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ќе имаат средба односно брифинг за тоа што треба да се направи и за донесените европски одлуки и очекувањата за движењето за седницата на нашата влада и ЕУ кога ќе се отворат поглавјата 23 и 24.
– Ќе разговараме и за пописот, за законот за ЈО, во кој е и проблемот со иднината на СЈО. Верувам дека ќе поразговараме и за Изборен законик, модел, да формираме групи.
Имаме доволно долг период до редовните избори за посветено и професионално да се посветиме и да ги вградиме препораките дадени од ОДИХР. Ќе разговараме најверојатно и за други прашања кои веројатно и опозицијата ќе ги отвори.
Треба да го држиме дијалогот отворен и на ваквите средби ќе ги најдеме решенијата што на која било од страните им претставува одредена резерва или грижа, изјави Заев.
МИА/Фото: Влада