еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев не оди во Белград, Вучиќ во дилема дали да се одржи најавената средба за „Отворен Балкан“

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, кој синоќа поднесе оставка на премиерското место, на 3 и 4 ноември нема да дојде во Белград, како што првично беше планирано, на состанок на иницијативата „Отворен Балкан“, пишува денеска белградска „Политика“.

– Господинот Заев нема да дојде во Белград со оглед на политичката ситуација, пренесува „Политика“ изјава од Кабинетот на Заев, додавајќи дека „Северна Македонија ќе биде претставена на состанокот во Белград со друг политички преставник, кој ќе биде утврден денеска или утре“.

Првично беше планирано македонскиот и албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама да ја посетат Србија на 3 и 4 ноември, на средба по повод иницијативата „Отворен Балкан“.

По изборните резултати на вчерашниот втор круг од локалните избори, премеирот Заев синоќа поднесе оставка од премиерската функција, како и од лидерската позиција на СДСМ, што го услови и неговото доаѓање во Белград.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој престојува во Глазгов на Самитот за климата, денеска се сретна со премиерот на Албанија, Еди Рама и со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски.

– Силна поддршка за „Отворен Балкан“. Дали да ја одржиме или одложиме средбата во Белград, имајќи ги предвид настаните во Скопје?“, напиша Вучиќ на официјалниот Инстаграм профил на „Будуќностсрбије“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венко Филипче или Сања Лукаревска: Кој ќе го замени Зоран Заев?

“Зоран Заев: Првата девојка ми беше од ВМРО-ДПМНЕ„: Твитер реакции за оставката на премиерот

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

13 лица меѓу кои и полициски службеник на сопствена сметка во карантин поради непочитување на мерките за изолација и самоизолација

Редакција

(Вознемирувачки видеа) 40% се деца: Израел досега уби 4.651 Палестинци

Редакција

МОН вработува девет лица, плата до 29.693 денари

Редакција