еМагазин
Image default
Македонија

Заев не се ни трудел да врти телефони, за да праша дали Јанева наводно барала „форензичко бришење“ на податоците во СЈО

Премиерот Зоран Заев денеска не сакаше да одговори на новинарско прашање во врска со информациите дека специјалната обвинителка во оставка, Катица Јанева наводно побарала „форензичко бришење“ на податоците во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и упати одговор на оваа прашање да се побара кај надлежните органи.

И за случајот „Рекет“ на Јавното обвинителство, упати на институциите, државното обвинителство и СЈО.

-Не се ни трудам да вртам телефони, да добивам инфорации. Се води истрага. Во делот на истрагата, политичарите треба да бидат надвор. Ние треба да овозможиме слобода на работењето, комплетна независност, фокус во борбата против криминалот и корупцијата.

За форензиките навистина не знам, што е тоа форензичко бришење, кој и како бришел. Читав вчера низ медиумите, знам дека институциите ќе постапат како што треба. Но, едно знам, дека кога јас ги предадов материјалите, како комплет пакет, тие се во сеф. Тие материјали не може никој да ги избрише зашто се во сеф.

Не треба јавноста да се плаши од таква работа, но дали нешто влијае врз истрагата или не, нека си одлучат обвинителите, нека си постапат. На Заев не му е местото таму да се меша, па дури и ако е тоа добронамерно, рече Заев и апелираше истрагата побрзо да заврши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од што боледува Катица Јанева и дали е способна да ја врши својата работа?

Што открија одземените мобилни телефони на Катица Јанева

СЈО ги демантира „360 степени“: Нема наредби за „форензичко бришење“ податоци

Според „360 степени“: Катица Јанева побарала „форензичко бришење“ на компјутерите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 105 болни од Ковид-19

Редакција

Заев: Јас и Мицкоски не сме правници за да дебатираме за предметите на СЈО

Редакција

Убава вест: 786 оздравени од Ковид-19

Редакција