еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев: Нема дилеми во употребата на придавката „македонски“, очекувам исчекор од пријателска Бугарија

Договорот од Преспа прави јасна дистинкција кога се употребува придавката „македонски“, тоа е наша идентитетска придавка. Патот напред се решенија преку дебата и разговори. Реално очекувам пријателска Бугарија  да направи исчекор, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

„Придавката „македонски“ е употреблива насекаде во светот на сите меридијани низ светот. Тоа е признаено. Тоа е идентитетска наша придавка. Нормално законот за ратификација на Преспанскиот договор прави јасна дистинкција кога зборуваме за Владата на РСМ, за МЗ на РСМ и таа дикстинција е јасна.

Но, кога зборуваме за македонската историја, кога зборуваме за македонската политика, за македонскиот исток како што е Штип, кога зборуваме за македонскиот народ, кога зборуваме за македонско, Македонец, македонска, македонско или слично, секако придавката е идентитетска и таа е јасно дефинирана.

Така што, во овој дел апсолутно нема никакви дилеми“, рече премиерот Заев при денешната посета на Штип во одговор на новинарско прашање какви ќе бидат наредните чекори по неуспехот на Заедничката историска комисија да постигне каков било напредок на дводневната онлајн-средба што заврши вчера.

Комисијата, додаде, жалам што не направи некој посериозен исчекор.

„Не е лесно и за политичарите, ни за експертите во очи на одлуката на ЕУ на видео – онлајн конференција која се снима, веројатно се немало доволно храброст, инветнивност или снаодливост од двете страни за да се направат исчекорите“, потенцира Заев.

Според него, решенијата со записник се потврдени од двете страни и за цар Самоил и за Кирил и Методиј и за Климент и Наум, употребата од двете страни во учебниците треба да биде во духот на тоа пријателство низ кое што е најдено.

Тој е оптимист дека Бугарија ќе направи позитивен исчекор во однос на нашите евроинтеграции, иако земјата ја очекуваат избори, во март следната година.

„Јас реално очекувам пријателска Бугарија да направи исчекор. Иако е реално, знаат и самите, знаеме и ние дека секогаш на секое поглавје може да биде застанат процесот за сите земји, па така и за РСМ.

Имајќи го тоа предвид имаме акциони планови, имаме наративи, меморандуми како да ги забрзаме процесите на градењето на уште поголемо пријателство помеѓу Македонците и Бугарите, но и сите граѓани во РСМ.

Верувам дека можеме да успееме на тој пат. Во најмала рака, како што реков на 11 октомври, и неколкупати предупредив знаејќи ја суштината на разговорите, нема да не изненади, треба да бидеме подготвени дека ќе се одложи ова прашање.

Бугарија имаше разбирање кога беа изборите во РСМ, има избори во Бугарија. Не велам дека тоа е причината, но не е исто кога сте пред избори и кога не сте пред избори“, потенцира Заев.

Дециден е дека има голем потенцијал за унапредување на соработката како помеѓу две соседни и пријателски земји.

„Треба да дадеме шанса заради тоа што сме соседи, заради тоа што сме пријатели има огромни потенцијали на унапредување на соработката од двете страни. Со тоа уште еднаш треба да знаат сите  дека македонскиот јазик, македонскиот народ, македонската национална посебност ниту е тема за разговор, ниту е на маса за разговор, ниту, пак, некој разговара за него.

Во делот на историјата работа е на експертите и професионалците. Ќе изнајдат решение. Треба да ги цитираме документите коишто постојат. Низ тие документи да гледаме низ позитивниот аспект на пријателството, а не низ негативен дел којшто не разделува.

Тоа е европската иднина, тоа се европските зборови со коишто треба да зборуваме и тоа е начинот на градење на пријателство“, рече премиерот Зоран Заев.

МИА/Фото:Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Најдобро би било да поминат изборите во Бугарија, па да се решава проблемот

Каракачанов: Историски факт е дека Бугарија била сојузник на Хитлер, но тоа не значи дека треба не нарекувате фашисти

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за труд вработува 15 државни службеници, плата до 25.023 денари

Редакција

Заев си дал оставка од претседателското место во Советот за судски реформи

Редакција

(Видео) Мукаетов дел од регионалниот Форум на менаџери: Нѐ очекува исклучително тежок период, кризата неминовно ќе се одрази врз работењето на компаниите

Редакција