еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Размислуваме летово да ги ослободиме од патарина српските граѓани во знак на благодарност за вакцините

Премиерот Зоран Заев вели дека државата направила се за да обезбеди вакцини и оти овој месец ќе стасаат дополнителни количини со кои ќе се овозможи непрочено да продолжи процесот на вакцинација. Тој го поздрави пријателскиот гест на Србија, која на земјава и донираше вакцини и најави дека Владата ќе се оддолжи за пријателскиот гест.

„Ние сите сакаме дома да имаме вакцини, но тие се околностите. Јас имав непријатно чувство оти наши сограѓани патуваа во Србија по вакцини, но не смееме да кажеме дека државата не направила ништо, напротив, државата направи се и во тоа сме сигурни.

Тргнавме преку десетици компании, преку безбедносни служби со кои имаме реална соработка, сите да направат се што можат. Не сакам да не обвинуваат дека ништо не правиме. Вакцината е индивидуална одговорност, секој сноси одговорност за себе и може да одлучи каде сака да се вакцинира“, коментираше премиерот Зоран Заев, во „Само интервју“ на Канал 5.

Сепак, тој призна дека не може да се минимизира чинот на Србија за подадената пријателска рака, па затоа и владата бара начин како да им се оддолжи на српските граѓани.

„Никако не можеме да го минимизираме чинот на солидарност, на хуманост од страна на Србија. Тоа што го добивме во моментот од Србија како донација ни е доволно за периодов.

Зборував со Израел, со Британија, Франција, значи речиси нема каде не сме се обратиле, но ете нашиот сосед ни излезе во пресрет. Не можете да се раздолжите кон ваков чин пријателство.

Се размислува летово на возилата со српски регистрации да им поделиме картички за патарини за да не плаќаат, да се оддолжиме некако, иако тоа нема цена, но сепак Србија дала пари на граѓаните за тие вакцини. На пријателството да вратиме со пријателство“, рече премиерот Заев во интервјуто.

Тој нагласи дека овој пат помалите држави ја почувствувале нерамноправноста на распределбата во однос на вакцините.

„Ковакс има 142 држави, ние плативме 1,2 мииони евра за да го изградиме тој систем, значи сме дале пари за тој систем ама доцнеше испораката на вакцините. Дефинитивно ако САД боцкала над 100.000 граѓани дневно можеле да кажат еве 2.000 – 3.000 вакцини за Северна Македонија.

Ако Германија давала по 50-60 илајди во ден можеле и тие 2.000 до 3.000 да издвојат за нас. Но, така е кога одлучуваат политичарите кои се под притисок на јавноста. И ние не можеме да влегуваме во кавги затоа што ниту нешто ќе смениме, ниту ќе имаме повеќе вакцини на тој начин, изјави Заев.

Тој направи збир на сите вакцини кои ги очекуваме во државата, а тоа како што рече се вкупно 2,6 милиони што би биле доволни за вакцинација на 1,3 милиони граѓани што, според него, е солидна бројка.

„Фајзер го потврди договорот, очекуваме првите 10.000 вакцини да стигнат деновиве, до 15 април. Инаку, имаме нарачано 800.000 од Фајзер. Исто така, 800.000 од Ковакс системот, потоа имаме по 200.000 од кинеската и руската вакцина, 100.000 имаме преку системот на ЕУ, и потоа уште 500.000 кинеска вакцина од другиот производител.

Вкупно имаме 2,6 милиони вакцини и очекувам дека сега нема да има прекин во имунизацијата, односно дека процесот е започнат и ќе трае се додека не се вакцинираат поголем дел од граѓаните“, рече Заев.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советот на јавни обвинители утре ќе цени дали ќе покрене постапка за разрешување на Јанева

Редакција

Шест новозаболени од Ковид-19 во Куманово

Редакција

МВР регистрира 455 прекршоци за неносење на маски за заштита од корона вирусот

Редакција