еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Заев разочаран од Радев: „Чекорите и пораките се навреда за македонскиот народ“

Чекорите и блокадите што ги презема бугарскиот преседател Румен Радев во името на Бугарија се навреда за македонските граѓани, изјави денеска премиерот Зоран Заев во Брдо кај Крањ, каде присуствува на Самитот ЕУ – Западен Балкан.

Заев нагласи дека не е нова вест оти за нас е прифатливо во духот на европските добрососедски односи да ги интензивираме разговорите со Бугарија.

– Ние велиме да, можеме и мораме. Двете страни, веднаш по изборите во Бугарија и во Северна Македонија, како што ни прилега со искрена политичка волја да преземеме одлучни чекори за решавање на отворените прашања.

Но, исто така не е нова вест дека нашиот гласен став за идентитетските прашања е дека македонскиот идентитет не може да биде тема за преговори, истакна Заев.

Тој нагласи дека на Самитот е добиена уште една силна потврда дека само една земја членка на ЕУ се противи на нашата интеграција и на почетокот на преговорите за членство во Унијата.

– За жал и на огромно разочарување, мое лично и верувам на сите наши граѓани, блокадата доаѓа од нашиот сосед Бугарија, посочи Заев.

Тој додаде дека македонскиот народ со целата своја мирољубивост не може да ги оправда блокадите.

– Мојот народ мене ми даде мандат да создадам решение, не ми дал мандат да оправдам политики од минатиот век. До сега не постои земја членка на ЕУ која има каква било забелешка за нашите реформи.

Нашиот напредок во интеграциите во ЕУ првенствено треба да зависат од домашните реформи поврзани со постигнувањето на европските стандарди, а не од билатералните прашања.

Затоа посветени сме на решавање на билатералните спорови кои се влечат од минатото, а доказ за тоа се и Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија од 2017 година, нагласи претседателот на Владата.

Тој додаде дека земјава ги презела сите неопходни чекори во наша надлежност за деблокирање на процесот на проширување на ЕУ, не само за нас, туку и за целиот регион.

– Нашиот успех во европеизацијата на земјата беше признаен и потврден со одлуката на Европскиот совет во март минатата година за почеток на преговорите за нашата земја. Ние остануваме посветени на нашата стратешка цел – членството во ЕУ преку целосна имплементација на европските вредности и стандарди во Северна Македонија.

Тоа го бараат нашите граѓаните, тоа мора да го одработиме. Северна Македонија е Европа, Западен Балкан е Европа, потенцираше премиерот Заев.

Тој наведе дека пораките од францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел на Самитот се јасни.

– За решенијата треба поглед напред кон иднината, а не кон минатото. Но за жал, не сум сигурен дека претседателот Радев ја разбра таа порака, заклучи Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев се пожалил на Макрон и Меркел дека Бугарите во Македонија се асимилирани и потиснувани без никакви права

Фон дер Лајен: Неотворањето преговори со Северна Македонија и Албанија ја загрозува поддршката на ЕУ во регионот

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ во изведба на Наум Петрески не звучела никогаш помоќно од сега

Редакција

Договорот со „Бехтел и Енка“ нема да им биде даден на пратениците, туку само ќе им се презентира

Редакција

Околу 200 компании кои оствариле над 10 милиони евра профит ќе плаќаат данок на солидарност

Редакција