еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Видео) „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ во изведба на Наум Петрески не звучела никогаш помоќно од сега

„Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ не звучела никогаш помоќно од сега – отпеана од златното грло на Наум Петрески, а спакувана со мерак од маестро Николче Мицевски.

„Оваа песна е легендарна за нас Македонците и треба да се негува, впрочем, како и сите патриотски песни кои оставиле трага во нашата историја. Чест ми е што ја пеам во рамки на проектот „Македонијо во срце те носиме“, а уште посреќен сум што можам да испратам една убава порака, особено до младите – да продолжат да ја чуваат македонската песна, бидејќи нема кој друг да ја чува, особено во ова време кога секојдневно и од сите страни сме напаѓани“, вели Петрески.

„Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ е отпеана во чест на македонскиот револуционер и просветен деец Миле Поп Јорданов, а, според историчарот Коста Црнушанов, истата е создадена брзо по смртта на Миле. Според други извори, пак, била отпеана уште на неговиот погреб. Во 2006 година оваа песна е прогласена за официјална химна на градот Велес.

Инаку, ова е петтата по ред нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“, составен од 12 композиции во изведба на 12 изведувачи. Зад видеото, како и комплетната реализација на проектот во чии рамки јавноста уште ќе ги чуе и види и: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, ДНК, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Марија Спасовска и Зуица Лазова, се потпишува Скендеровски продукција.

Кон крајот на летото публиката ќе има можност сите 12 песни да ги слушне и во живо, бидејќи во план е и концертен караван кој под истото име ќе гостува во неколку македонски градови – да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кои ни го оставиле генерациите пред нас.

Уживајте во неверојатиот глас на Наум Петрески и моќната изведба на „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Четврта нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“: „Море сокол пие“ во изведба на Мина Блажев

(Видео) Трета нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“: „Налеј, налеј“ во изведба на Миле Кузмановски

(Видео) Втора нумера од проектот „Македонијо во срце те носиме“: „Земјо македонска“ во изведба на Огнен Здравковски

Фото/видео: Промо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Барањата на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада, нов јавен обвинител и комисија се неприфатливи

Редакција

Тројца работници повредени во експлозија во погон во Железара

Редакција

Зборува и грчки: Која е Ирена Стефоска, новата министерка за култура

Редакција