еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Загина 31-годишен маж откако со автомобилот излетал од патот

Возач починал откако вчера во 13:55 часот со возило излетал од коловозот на локалниот пат меѓу селата Елевци и Евла во Центар Жупа.

Во несреќата, како што информира МВР, загинал М.М.(31) од струшкото село Враништа, кој управувал патничко возило „фолксваген широко“ со струшки регистарски ознаки.

-Возилото излетало надвор од коловозот, а возачот починал на местото на несреќата. Смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош, соопшти МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Дебар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ на 4. февруари цел ден ќе го чува гробот на Гоце Делчев

Редакција

Безбедноста во државата не е загрозена, вели министерот Тошковски

Редакција

“Само Миле ќе си лежи за сите“: Твитер реакции за ослободителната пресуда за Канческа Милевска за „Тендери„

Редакција