еМагазин
Image default
Свет

Загриженост во СЗО поради високата стапката на инфекции со Ковид-19

Бројот на нови случаи на коронавирусот за една недела е речиси двојно зголемен на глобално ниво во последните два месеца, приближувајќи се на највисоката стапка во досегашниот тек на пандемијата, изјави денеска во Женева генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Бројот на новозаразени и смртни случаи продолжува да расте со загрижувачки стапки“, рече Тедрос на конференцијата посветена на состојбата во Папуа Нова Гвинеја и западно-пацифичкиот регион.

Тој вели дека е многу загрижен за можноста за многу поголема епидемија во Папуа Нова Гвинеја, поради што од витално значење за таа земја, како што рече, е да добие што е можно побрзо вакцини против Ковид-19.

Досега се пријавени повеќе од 9.300 случаи на коронавирусот и 82 смртни случаи во земјата.

„Иако овие бројки се уште се пониски од другите земји, зголемувањето е драстично и СЗО е многу загрижена за потенцијалот за многу поголем обем на епидемијата“, рече Тедрос.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украина, Русија, Турција и ОН не постигнаа договор за извозот на жито

Редакција

Повторно уапсен поранешниот американски претседател Трамп

Редакција

По нападот, Русите ја окупираа нуклеарката Запорожје, најголема во Европа

Редакција