еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Повторно уапсен поранешниот американски претседател Трамп

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска пристигна пред судот во Мајами за да се соочи со федералните обвиненија, при што повторно беше официјално уапсен.

Тој е обвинет за незаконско задржување доверливи документи и за лажење на службениците кои се обиделе да ги вратат, но Трамп тврди дека е невин и вети дека ќе ја продолжи кампањата за изборите во ноември 2024 година.

Трамп е првиот поранешен или актуелен претседател на САД, кој се соочува со кривични пријави.

Но, според правните експерти тоа не го спречува да се кандидира или да ја преземе функцијата претседател дури и ако биде прогласен за виновен.

Обвинет е и поранешниот помошник на Трамп, Волт Наута. Според обвинението, Наута, заедно со својот шеф, пред и по претресот на Мар-аЛаго преместувал и криел кутии со доверливи информации. Тој беше обвинет и за давање лажни и погрешни изјави на ФБИ.

Трамп беше уапсен и на почетокот на април годинава во суд во Њујорк, во случај на измама поврзана со пари исплатени на порно ѕвезда во 2016 година. Тој е обвинет дека ги прекршил правилата за финансирање на кампањата, бидејќи наводно и платил на порно ѕвездата Сторми Даниелс за да молчи за нивната врска, пред претседателските избори на кои ја победи демократката Хилари Клинтон.

МИА/Фото: Трамп/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија прва даде виза за прием на Македонија во НАТО

Редакција

Извршната директорка на Раде Кончар-Апаратна техника лани имала месечна плата од 1.200 евра

Редакција

39-годишен маж во Скопје физички нападнал и допирал дете

Редакција