еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Досега попишани 308.551 граѓани

Државниот завод за статистика (ДЗС) ја информира јавноста дека попишувањето продолжува со посакуваниот интензитет и темпо.

„Заклучно со вчерашниот ден, 11 септември, до 20 часот, попишани се 308.551 лицa. Само вчера беа попишани 114.308 лица.

Државниот завод за статистика ги известува граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис, на телефонските броеви кои се објавени на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk,“ информираат од ДЗС.

Од ДЗС велат дека попишувачите кои го спроведуваат попишувањето на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика, кои се обучени за оваа активност и апелираат до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит и да ги даде потребните податоци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 110 случаи на Ковид-19, оздравени 42, нема починати

Редакција

Стевчо Јакимовски формираше коалиција со Интегра и ПЦЕР

Редакција

(ВИДЕО) Која е Царовска приватно: Сака да сними дует со Бредли Купер, омилен филм и е „Џокер“

Редакција