еМагазин
Image default
Македонија

Законот за државјанство помина на Влада, Левица го блокира без разумно објаснување, вели Заев

Законот за државјанство денеска помина на Влада и ќе биде со европско знаменце. Службите ќе го испратат до Парламентот, но го блокира Левица, без разумно оправдување, рече денеска премиерот Зоран Заев.

-Законот е согласно декларациите за државјанство усвоени во ЕУ. Последните промени беа со коресподентни табели – комплетно вградување на европските регулативи во нашето законодавство. Се прават пошироки  критериумите за решавање на проблемот со државјанството. Генерално сме усогласени, власта и опозицијата.

Законот е блокиран од мала политичка партија Левица, која без разумно оправдување не дава одговор зошто тоа го прави, освен, според мене, да продуцира меѓуетнички проблеми и нетрпеливост што треба да ги чуваме и негуваме, а не да ги поттикнуваме и разгоруваме, рече Заев, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата со министерката Јагода Шахпаска.

Според Заев, иако законот е поднесен на иницијатива на Алијанса на Албаните и Алтернатива, договорено е Владата да го пушти.

-Се работи за буквално истиот текст поднесен од пратениците. Службите овие денови ќе го испратат до Парламентот, додаде премиерот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средношколците ќе протестираат во понеделник, бараат комбиниран модел на настава веднаш на почетокот на школската година

Редакција

Ревакцинирани вкупно 690.806 граѓани: 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина 

Редакција

Цела листа: Кои се првите луѓе на партиските комисии кои се избраа на ЦО на СДСМ

Редакција