еМагазин
Image default
Балкан

Заразата со корона вирусот се шири во регионот: Нови осум туристи во Грција регистрирани со ковид-19

Според последните податоци, во светот до сега се регистрирани 11.284.105 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив умреле 530.918, а оздравеле 6.392.037 лица.

Тирана – Во Албанија во последните 24 часа биле регистрирани 67 новозаразени лица, така што вкупниот број сега изнесува 2.819 лица. На списокот на излекуваните има 45 или вкупно 1.637, две лица починале или вкупно 74, додека 1.108 лица се активни на оваа болест.

Љубљана – Патниците од Хрватска, Франција и Чешка од денеска се сметаат за ризични и ќе мора да претрпат одредени ограничувања при влез во Словенија, јави агенцијата СТА. Граѓаните кои доаѓаат од државите на таканаречената „жолта листа“, мора да поминат, без исклучок, две недели во карантин, освен ако не се во транзит, резервирале сместување во периодот кога Словенија била отворена или тие со себе имаат потврда што докажува дека имале негативен тест за коронавирусот.

Атина – Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 25 нови случаи на Ковид-19, од кои осум се од туристи. Од почетокот на епидемијата заразено е 3.511 лице.

Никозија – Од 1.699 тестови во изминатото деноноќие на Кипар се регистрирани три нови случаи на Ковид -19, а бројот на позитивни случаи се зголеми на 1.002.

Белград – Во последните 24 часа во Србија се потврдени 325 нови случаи на коронавирусот од 7.434 тестирања, објавено е на официјалниот сајт за следење на епидемиолошката состојба.
Умрени се нови осум лица како резултат на инфекцијата, а во моментов има 2.347 активни случаи.
Од почетокот на епидемијата во Србија се потврдени вкупно 15.829 случаи на коронавирусот, а починале 306 лица.

Софија – Според најновите податоци во Бугарија во последните 24 часа се пријавени 182 нови случаи на коронавирусот, а починале уште седум лица. Во истиот период биле тестирани 2.538 лица, а вкупниот број на заразени лица од појавата на пандемијата достигна 5.497, од кои 2.366 случаи се се уште активни, додека закрепнале 2.892 пациенти, а бројот на смртни случаи изнесува 239.

Приштина – Министерството за здравство на Косово соопшти дека на Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, вчера до 17 часот починале шест лица заболени од Ковид-19, што е најголемата регистрирана бројка на жртви регистрирана во текот на еден ден од почетокот на епидемијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО: Рекорден дневен скок на бројот на новозаразени од корона вирус во светот- 212.326

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ципрас: Посакувам и се надевам дека мојот пријател Зоран Заев ќе го добие референдумот

Редакција

Во Србија викендов се вакцинирале 22.000 странци

Редакција

Ако се заразите со коронавирусот во Црна Гора, лекувањето е на сметка на државата

Редакција