еМагазин
Image default
Локално

Засилени контроли на МВР: Во Скопје вчера санкционирани 325 возачи

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден полицијата спроведење засилени акциски контроли во областа на сообраќајот при што се изречени вкупно 325 санкции, од кои најмногу – 128 за брзо возење.

„На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 325 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 18 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 128 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 11, девет санкционирани мотоциклисти, 78 мерки за непрописно паркирани возила и 74 возила подигнати со пајак (вкупно 152), а изречени се и 36 санкции за неносење на заштитна маска“, информираат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјотрес од 3,1 степени според Рихтер во реонот на Охрид

Редакција

Тешко повреден малолетен пешак по удар од автомобил во Скопје

Редакција

(Фото) Запленети близу 37.000 пиротехнички средства во Кичево, приведено едно лице

Редакција