еМагазин
Image default
Локално

Затворен угостителски објект во Црешево: Приведени 32 лица поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19

На 18.02.2021 во 23.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба извршиле контрола во угостителски објект во с.Црешево, скопско, во врска со почитување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот Ковид-19.

При контролата во објектот биле затекнати 32 лица, меѓу кои и сопственикот Г.И. (56) од с.Булачани, скопско, информираат од МВР.

Сопственикот и гостите биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Гази Баба.

„По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пожар во Јасен

Редакција

Неколкумина тепале прилепчанец пред угостителски објект

Редакција

Пронајдено удавено лице во Црна Река

Редакција