еМагазин
Image default
Македонија

За два дена вакцинирани 453 здравствени работници: Желба за вакцинација изразиле над 91.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека 453 здравствени работници кои работат во ковид центрите се вакцинирале во изминатите два дена.

Имунизацијата на медицинските работници се одвива непречено и со полн капацитет во модуларната болница, каде што се поставени шест вакцинални позиции, се работи во две смени од 8 часот наутро до 20 часот, од понеделник до сабота.

Во тек е имунизација со вакцината од производителот Фајзер, а кон крајот на месецот во нашата земја се очекува да стигне и вакцината на кинескиот производител Синофарм, од каде во директни преговори купени се 200.000 вакцини против Ковид-19.

Министертвото за здравство информира дека државата преку КОВАКС механизмот има обезбедено 833.000 дози вакцини. Правата испорака која ќе пристигне во нашата земја ќе биде со вакцината АстраЗенека, од која првата количина е планирано да стигне во март.

Од оваа вакцина за Северна Македонија се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози, од кои околу 35% треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината.

Во правата испорака на КОВАКС механизмот за вакцини Фајзер вклучени се само 18 земји, а не се вклучени земјите кои почнале сопствени програми за вакцинација против Ковид-19.

Министерството за здравство апелира дека сите вакцини кои се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно се безбедни за граѓаните.

Сите производители на вакцини имаат документи од нивните национални агенции, а Фајзер дополнително е вакцина која е регистрирана и од европското и американското регулаторно тело за квалитет на лекови.

Во тек е првата фаза од имунизација во нашата земја, а во меѓувреме тече пријавувањето на веб страницата vakcinacija.mk, како и преку матичен лекар за сите граѓани над 70 годишна возраст за кои вакцинацијата започнува веднаш после здравствените работници опфатени во правта фаза.

Досега на веб страницата 58.500 граѓани изразиле желба за вакцинација, а преку матичен лекар 32.917 граѓани над 70 годишна возраст.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димовски: Владата, итно денеска, да го одбие предлогот како недостоинствен и штетен за европската перспектива на Македонија

Редакција

Пополнети 35 болнички кревети на штипското Инфективно одделение

Редакција

Ахмети: Секој треба да знае дека нема враќање од промената на името

Редакција