еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димовски: Владата, итно денеска, да го одбие предлогот како недостоинствен и штетен за европската перспектива на Македонија

Румен Радев и Бојко Борисов денес го поддржаа францускиот предлог за Македонија тоа значи дека овој катастрофално лош предлог ќе добие поддршка во бугарскиот Парламент, веќе работата е чиста, напиша поранешниот пратеник на ВМР0-ДПМНЕ, Илија Димовски на неговиот Фејсбук-профил.

„За да се стопира овој предлог, кој ќе значи затворање на европската перспектива на Македонија и отварање на нови негации на македонската нација, јазик и достоинство, единствено нашите државни органи може да постапат.

Владата, итно, денес, да го одбие предлогот како недостоинствен и штетен за европската перспектива на Република Македонија.

Доколку Владата превземала обврски спрема меѓународните партнери и не е во можност да го направи тоа, веднаш, без одлагање да побара Собранието да се произнесе и да го одбие овој предлог.

Доколку државните органи на Македонија не го направат тоа, веќе и формално ќе е јасно дека нашата држава се согласила на идната национална и државна катастрофа.

П.С. Доста со лажните изговори дека немаат предлог, не го знаат или дека не биле вклучени,“ пишува Димовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГЕРБ на Борисов дава 59 гласа за поддршка на „францускиот предлог“ за Македонија оти бил најдобар

 

Промената на Уставот на Македонија не е последен, туку прв чекор кон интеграцијата на земјава во ЕУ, вели Радев

Фото: Фејсбук/Димовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Непознато лице лажно се претставувало како вработено во УЈП со цел да оствари имотна корист

Редакција

„На колку е осуден Муковски? На 210 тендери“: Твитер за пресудите за 27.април

Редакција

Палмер по средбата со Димитров: Силна поддршка на САД за Северна Македонија и нејзиниот европски пат

Редакција