еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Промената на Уставот е прв чекор кон интеграцијата на Македонија во ЕУ, Билатералниот протокол не е доволна гаранција, вели Радев

„Францускиот предлог“ за деблокирање на евроинтегративниот процес на С. Македонија е најдобар за Бугарија, но бугарските политичари не треба да брзаат да прогласат историска победа, бидејќи предложените документи не даваат доволно гаранции за заштита на интересите на Софија, изјави денеска во Пловдив бугарскиот претседател Румен Радев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев истакна дека најдоброто е тоа што Бугарија успеала да се спротивстави на два совета за проширување на ЕУ, кога имала јасна позиција и јасни аргументи.

Според Радев, европските партнери на Софија го делат нејзиниот став дека „прашањето за одбрана на граѓанските права и борбата против дискриминацијата не може да биде билатерално прашање само меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, туку мора да се постави на ниво на ЕУ“.

Тој уште ги повика бугарските политичари да не брзаат со прогласување „историска победа“, бидејќи, како што нагласи, промената на Уставот на С. Македонија не е последен, туку прв чекор кон интеграцијата на земјава во ЕУ.

– Треба да биде јасно дека овој процес се заснова на два важни документи – првиот е Преговарачката рамка, која е обврска и ја подготвува ЕУ.

Вториот е билатералниот протокол, кој е наша заложба и е составен дел на преговарачката рамка, рече Радев, додавајќи дека во моментов предложениот билатерален протокол „не дава доволно гаранции за заштита на интересите на Бугарија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија со пет нови барања за измени во францускиот предлог

Бугарија сака Бугарите во Македонија да влезат не само во Преамбулата, туку и во нормативниот дел, откри Пендаровски

Академик Ќулакова: Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот како државотворно, значи релативизирање на државотворната улога и статус на мнозинскиот народ

МИА/Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никола Ристановски ја доби наградата „Борисав Станковиќ“ за најдобар актер

Редакција

Ако не се прифати еден од нашите предлози, избори би биле единствено логично решение, вели Мицкоски

Редакција

40 ученици и 52 наставници во средните и основните училишта позитивни на Ковид-19

Редакција