еМагазин
Image default
Македонија

Зоран Попов ќе биде нов македонски амбасадор во САД

Сегашниот државен секретар во Министерството за надворешни работи, Зоран Попов треба да биде нов амбасадор на Македонија во САД, изјави синоќа претседателот Стево Пендаровски за 24 анализа на ТВ 24

– Денеска стигна агреманот за господинот Зоран Попов. Добивме согласност од американска страна. Се надевам дека до септември ќе имаме амбасадор во Вашингтон, рече Пендаровски.

Македонија нема амбасадор во САД веќе четири ипол години. Последен македонски амбасадор во Вашингтон беше Васко Наумовски во периодот од 2014 до 2018 година.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 на крајот на судењето за „Рекет“ распали по Камчев, Кичеец, Заев, Мијалков…

Редакција

Заев: Размислуваме летово да ги ослободиме од патарина српските граѓани во знак на благодарност за вакцините

Редакција

Судијката Јанчулевска Михаиловска ќе го води судењето за „Шпански Скали”

Редакција