еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Драматичен раст: Бројот на загинати во земјотресот во Авганистан се искачи на над 950

Најмалку 950 луѓе загинаа, а стотици се повредени во катастрофалниот земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала, кој во 1:30 часот по локално времего погоди денеска Авганистан.

Како што јави Би-Би-Си, најголем дел од жртвите се регистрирани во Пактика, но загинати има и во источните провинции Нангархар и Кост.

Претходно заменикот министер за справување со вонредни ситуации, Шарафудин Муслим соопшти дека во земјотресот загинале 920 лица, а над 600 се повредени.

Земјотресот го погоди подрачјето на околу 44 километри од југоисточниот град Кост, на длабочина од 51 километари.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил почувствуван во опсег од околу 500 километри во Пакистан, Авганистан и Индија.

„За жал, синоќа имаше силен земјотрес во четири окрузи на провинцијата Пактика, во кој загинаа и беа повредени стотици наши сонародници и уништени десетици куќи“, напиша на Твитер владиниот портпарол Билал Карими.

„Ги повикуваме сите хуманитарни агенции веднаш да испратат тимови во областа за да се спречи понатамошна катастрофа“, додаде тој.

Земјотресите, кои се чести во Авганистан, имаат тенденција да предизвикаат значителна штета во Авганистан, каде што има многу рурални области каде живеалиштата се нестабилни или се изградени според несоодветни стандарди.

Деценискиот конфликт ѝ отежна на сиромашната земја да ја подобри својата заштита од земјотреси и други природни катастрофи – и покрај напорите на агенциите за помош да зајакнат некои згради во текот на годините.

Во изминатите 10 години повеќе од 7.000 луѓе загинаа во земјотреси во земјата, објави Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарни прашања. Во просек годишно има 560 смртни случаи од земјотреси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Над 280 загинати и 600 повредени во силен земјотрес во Авганистан

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пандемијата на коронавирусот долгорочно ќе влијае на менталното здравје, велат од СЗО

Редакција

Ристоска, Јосифовска или некој трет: Кој ќе ја замени Катица Јанева?

Редакција

Околу еден милион евра изнесуваат штетите на патната инфраструктура од невремето во Делчево

Редакција