еМагазин
Image default
Локално

Затворен угостителски објект во тетовско поради непочитување на работното време

На 18.01.2021 во периодот од 18.00-21.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државниот пазарен инспекторат, извршиле контрола по угостителски објекти во врска со „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информира МВР.

„Притоа, во угостителски објект во село Боговиње, тетовско, сопственост на Џ.Б.(50) од Боговиње, биле затекнати 4 лица и сопственикот. Од страна на ДПИ објектот бил затворен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајдено возилото од кое беше пукано во куќа во Тетово, било украдено од сопственикот под закана со пиштол

Редакција

Трагедија: Со возило на Комунална хигиена прегазил колега при собирање смет

Редакција

Станбените згради во Скопје без или со оштетени хидранти, противпожарните скали не функционираат, ситуацијата е очајна, велат пожарникарите

Редакција