еМагазин
Image default
Локално

Затворени угостителски објекти во Аеродром и Гази Баба поради непочитување мерките за Ковид-19

Во текот на изминатото деноноќие полициски службеници од СВР Скопје и инспектори од Државниот пазарен инспекторат при вршење контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирусот констатирале дека два угостителски објекта, еден во Гази Баба и еден во Аеродром, не се придржувале кон предвиденото работно време согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и Одлуката на Владата за мерки за спречување на ширење на Ковид-19 и во нив се затекнати повеќе лица.

-Од страна на Државниот пазарен инспекторат угостителските објекти се испразнети и затворени и ќе бидат поднесени соодветни поднесоци за непочитување на одлуките од Владата на Република Северна Македонија во врска со Ковид-19, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи, во соработка со Државниот пазарен инспекторат, продолжува со засилените контроли во врска со почитување на мерките за заштита од коронавирус, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брачна драма во Гостивар: Повредена жена при обид да одземе нож од сопругот

Редакција

Лихвари изнудувале брачен пар: За заем од 500 евра им зеле камата од 340 евра

Редакција

Детален преглед: Остатоци од кашест снег на коловозите, снежни врнежи само во Маврово

Редакција