еМагазин
Image default
Македонија

Завршија консултациите во ДУИ, утрешниот Централен совет ќе одлучи за новите партиски функционери

По речиси шест часа завршија внатрепартиските консултации во Демократската унија за интеграција (ДУИ) во партиското седиште во Мала Речица, а одлуките ќе се носат утре на состанок на Централниот совет на ДУИ.

Партискиот портпарол Бујар Османи по завршување на средбата рече дека консултациите на членовите на претседателството со партиските ограноци била конструктивна. На средбата во текот на денот пристигнаа и претставници на т.н. „Огнена група“, која бараше реформи во партијата.

„Имавме неформална консултативна средба на претседателот Ахмети, со претставници од партијата од различните ограноци во подготовка за утрешниот состанок на Централниот совет, каде ќе се донесат одлуки за формирање на Централното претседателство и другите органите на партија.

Претседателот Ахмети правеше индивидуални средби овие денови, меѓутоа веќе во два наврати средби со повеќе функционери од партијата со кои се разменуваа ставови, консулатации како утре да се донесат одлуките на Централниот совет.

Мислам дека целата средба помина во најконструктивна атмосфера, во една атмосфера на соработка, на унифицираност, на спремност на партијата за нови победи,“ изјави Османи.

Во Тетово утре ќе се одржи состанокот на Централниот совет на ДУИ. Треба да се изберат генерален секретар, организациски секретар и нови потпретседатели, со мандат до следниот конгрес.

Реорганизацијата во партијата почна откако на 24 септември т.н. „Огнена група“ побара реформи во ДУИ, а одредени функционери да понесат одговорност.

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе протестира и министерот Филипче: Здравствените работници на протест против насилството

Редакција

Петков од Брисел: Историјата е важна во односите на Бугарија со Македонија, но не е единствената тема

Редакција

Само седум кандидати се пријавиле за Советот за граѓански надзор врз ОТА

Редакција