еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Завршува вонредната состојба: Трговците ќе може повторно да ги зголемуваат цените на маските и храната

Министерството за економија на својот веб-сајт соопшти дека по завршувањето на вонредната состојба ќе престанат да важат ограничувањата за цените на заштитната опрема, јужното овошје и основните прехранбени производи.

Имено, Министерството информира дека престанува да важи обврската највисоката трговска маржа на (портокали, мандарини, клементини, грејпфрут и лимони) на трговците поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо да се определи во вкупен износ до 10%, односно до 15% во трговијата на мало.

Исто така, престанува да важи обврската цените кои се применувале на 11 март 2020 година да бидат највисоките цени во трговијата на големо и трговијата на мало, на: леб, сол, шеќер, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови, лична заштитна опрема, средства за лична хигиена и дезифекциони средства, потрошен медицински материјал, медицинска опрема и апарати.

Престанува да важи и обврската на ограничување извоз на пченица, како и издавањето на дозволи од Министерството за економија преку едношалтерскиот систем за дозволи, за извоз на брашно.

Со оглед на тоа што денеска истекува осумдневната вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски тоа значи дека веќе од утре трговците ќе имаат одврзани раце во однос на формирањето на цените на заштитната опрема и основните прехранбени производи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски донесе нова одлука за вонредна состојба од 8 дена

Инспекции и во аптеките за цените на заштитните маски, десет објекти затворени зашто не ги почитуваат мерките

Аптеките ќе бидат казнети ако неосновано ги зголемиле цените на маските и на средствата за дезинфекција

Лимони има, а трговците на големо и мало да не манипулираат со цените

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Надворешниот долг на Македонија во јуни 4,4 милијарди евра

Редакција

Прегрупирање во банкарскиот сектор: Шпаркасе си купува златна кокошка

Редакција

(Галерија) Приведени тројца повратници на ИСИС кои во Македонија планирале терористички напади

Редакција