еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„ЗдравоЗаГотово“ со нова сезона и нова тема – Антикорупција

Интернет серијалот „ЗдравоЗаГотово“ започна со емитување на новиот циклус епизоди на тема антикорупција. Како настанува, каде вирее, како се препознава, кому сè му влијае и секако најважното – како да и се спротивставиме

Целта на проектот “ЗдравоЗаГотово – Антикорупција“ е да ја зголеми информираноста на тема корупција, да предизвика критичко размислување, и да го намали прагот на толеранција на граѓаните за оваа апсолутно негативна појава што континуирано го разнишува нашето општество.

Серијалот испраќа јасна порака “да не ја земаме корупцијата здраво за готово“, и преку едукативен и вешто духовит начин не’ соочува со нашиот нарав и подложност на корупција.

Речиси и да нема граѓанин кој свесно или несвесно учествува во корупција во државата. Попрецизно, “ЗдравоЗаГотово – Антикорупција“ ги посочува нашите непромислени навики да носиме подароци за службениците кога одиме да завршиме редовна административна процедура. Но, и нашите нагони “да завршиме побрзо работа“ и да “го прескокнеме редот“ со што ги активираме сите познанства со јавна функција.

И многу повеќе од тоа, “ЗдравоЗаГотово“ не соочува со неколку т.н. коруптофакти, или алармантни податоци, како што е процентот на случаите кога граѓани го иницираат подмитувањето што изнесува 32%, наспроти 25% од случаите каде експлицитно било побарано од нив мито.

– Корупцијата нè засега сите. Таа се заканува на одржливиот економски развој, на правдата и етичките вредности, го дестабилизира нашето општество и го загрозува владеењето на правото. Ги поткопува институциите и го доведува во прашање демократскиот систем. Корупцијата носи до сиромаштија. Ги одвраќа странските инвестиции, го забавува развојот на инфраструктурата…

Навлегува во секој животен аспект, ги лишува граѓаните од нивните уставни и човекови права. Токму затоа оваа сезона решивме низ поинаква призма, низ еден систематски пристап, но и хумор и оптимизам, да влијаеме врз свеста на граѓаните и да ја „разгориме“ нивната желба да и’ се спротивстават кон корупцијата, изјавија од авторската екипа.

Водителка и оваа, како и минатата сезона е актерката Маја Љутков, а серијалот се емитува на социјалните мрежи во текот на ноември и декември.

Следете ги каналите за комуникација Facebook, Instagram и YouTube, секој вторник во 19:00 часот излегува нова епизода, а секој ден објавуваме многу интересни и важни информации

“ЗдравоЗаГотово – Антикорупција“ е во продукција на Центарот за социјални иновации – Блинк 42-21.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Citroen на парадата по повод 120-годишнината од Парискиот автомобилски саем

Редакција

Од денеска до 28 август заборавете на се друго освен на шопинг во Рамстор мол и сите Рамстор маркети: Започна Garage Sale

Редакција

(Видео+Галерија) Хотел Изгрев СПА & АКВАПАРК воведе специјализирани хигиенски мерки според највисоките светски стандарди

Редакција