еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Здравствените работници ќе добијат поголеми плати

Синдикатите од здравство кои неколку часа пред најавениот протест беа на средба во Министерството за здравство постигнаа договор.

– Се договоривме. По три илјади денари за сите сестри и по две илјади денари за сите останати од помошно-технички персонал, администрација, доктори, сите вработени во здравството да имаат бруто покачување со мартовската плата, изјави Предраг Серафимовски, потпретседател на Синдикатот на Клинички центар по состанокот со заменик министерката за здравство и шефот на Кабинет на министерот за здравство.

Серафимовски рече дека и од Министерството за здравство треба да излезат и да ги потврдат овој договор.

Претседателот на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, Љубиша Каранфиловски рече дека со притисок се успеало да се дојде до изнудување на потпишување на анексот на Колективниот договор за здравствена дејност.

Тој нагласи дека со неговото непотпишување ќе се доведеле во ситуација 11 илјади вработени во здравството да бидат изедначени со минималната плата.

– Очекуваме дека денешниот договор во најкраток период, во тек на наредната недела, ќе биде и официјализиран со потпишување, рече Каранфиловски.

Инаку, членови на двата синдиката, денеска одржаа протест пред Министерството за здравство.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе дознаеме ли конечно каде се парите: Стартува судењето за „Рекет“

Редакција

Денеска се избира ректор на УКИМ, кои се кандидатите

Редакција

(Видео) Успешен референдум во Русија: Путин може да биде претседател до 2036 година

Редакција