еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Здравствените работници од ГОБ „8 Септември“ протестираа за плати

Здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ денеска излегоа на протест поради доцнење на плата.

Претседателката на независниот синдикат при ГОБ „8 Септември“, Рената Ѓаконовиќ, рече дека денешниот мирен протест е организиран со цел да се изрази незадоволство поради неземена плата што требало да им биде исплатена на 10 февруари, меѓутоа доцни веќе десетина дена.

– Пробиен е законски рок од пет дена. Луѓето немаат пари, кредити неплатени, кој ќе ги плаќа каматите, кој ќе ги плаќа сметките. Едноставно тука имаме луѓе коишто работат за егзистенција со многу мал личен доход, што земаат по 18 илјади денари нето плата и морам да нагласам во тој контекст дека денеска, утринава, добивме известување од управата, со кое што се вели дека овој протест нема да биде официјален, изјави Ѓаконовиќ.

Таа посочи дека нивниот Синдикат има доволно членови и е репрезентативни, додавјќи дека во една институција може да постојат неколку синдикати, а овој постои веќе неколку години.

Ѓаконовиќ нагласи дека луѓето не треба да бидат обесхрабрени и да излезат да си го кажат својот глас и тоа што го мислат, бидејќи, како што рече, тоа што си го бараат е законско право на секого.

– Затоа има голем одлив на медицински персонал. Значи ќе останат многу минимален број, коишто ќе може да работат со овие пациенти, а жално е за Македонија да изгуби квалитетен здравствен персонал, децидна беше таа.

Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ), Марјан Ристески истакна дека немаат никаква покана за разговори и покрај тоа што имале пратено официјално барање до премиерот Димитар Ковачевски за средба.

– Денеска имаше протест на здравствените работници и во Геријатрија. Се надевам дека Владата ќе ја сфати сериозно работата, за тоа за што се платени. Не може, еве гледате што е – здравството нема лекарства, починуваат пациенти, образование нема учебници – завршува школска година. Ова е веќе несериозно, додаде тој.

Тој најави дека ќе иницираат исплатата на надоместокот за годишен одмор, популарниот К-15, да се вметне како обврска во Законот за работи односи, што е во подготовка.

– Имаме ние некои неофицијални разговори со Фондот, кажуваат еве денеска нешто наводно средиле во делот за боледување, социјала – не ги разбирам баш тие работи, меѓутоа кажаа дека до крајот на денот ќе успеат и со системот за плати. Јас се плашам, можеби немаат пари, гледате обврзницата, јас зборувам отворено, можеби немаат пари па чекаат некако да присоберат, изјави Ристески.

Тој нагласи дека не само здравствените работници, туку сите членови на КСОМ, размислуваат за општ протест, блокади и за штрајкови.

– Ќе видиме како ќе биде за брзо време. Сите синдикати што сме во Конфедерацијата ќе излеземе на протест, да кажеме дека вака не бива и мора да сфатат малку посериозно, рече Ристески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Системот на ФЗО профункционира – започна исплата на боледувањата, породилното остуство и разни рефундации

Ковачевски: Пари за плати за здравствените работници има, сајбер-нападот е да се направи блокада на клучните витални системи во државите

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Духот и божикната магија на Рајчкиот манастир во рачно изработените божикни пештери

Редакција

Администрацијата во Скопје нема да работи на 30. ноември, за време на министерски состанок на ОБСЕ

Редакција

Русковска: Се радувам што Мијалков сам се пријави, ќе размислиме дали ќе бараме затворски притвор

Редакција