еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Системот на ФЗО профункционира – започна исплата на боледувањата, породилното остуство и разни рефундации

Речиси сите модули на ФЗОРСМ, се ставени во функција. ИТ експертите ги финализираат процесите и функционалностите, и со тоа започна исплата на боледувањата, породилното остуство и разни рефундации, соопштија од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

Од таму додаваат дека, се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и во среда.

„Тоа значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 05.02.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени после овој датум ќе започнат да се внесуваат во Подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата.

Во тек е и враќањето во функција и на ДРГ системот, (кој е систем за евиденција на болничките услуги) за што јавноста навремено ќе биде известена,“ соопштуваат од ФЗО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што е „ransomware“

Од Фондот за здравство тврдат дека податоците на граѓаните се безбедни и дека не се украдени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шестмесечен затвор за возач во општина Шуто Оризари за примање поткуп

Редакција

Историска средба: Владиката Партениј и монасите и монахињите од Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино на средба со Вселенскиот патријарх

Редакција

Угостителските услуги поскапи за за 17,4% на годишно ниво

Редакција