еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Угостителските услуги поскапи за за 17,4% на годишно ниво

Цените на угостителските услуги во октомври во однос на септември годинава се зголемени за 0,4 проценти, а за 17,4 проценти во однос на октомври лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги, зголемување во октомври споредено со септември годинава е забележано во групите Храна за 0,3 проценти, Алкохолни пијалаци за  0,8 проценти и Безалкохолни пијалаци за 1,5 проценти.

Во периоодот јануари-октомври годинава, споредено со истиот период лани, угостителските услуги поскапеле за 11,4  проценти, а во однос на декември минатата година зголемувањето изнесува 9,8 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 е хоспитализиран, можно е да биде опериран

Редакција

Мјузикл за Есма Реџепова и песни за СК 2014: Кои музички проекти добија пари од програмата на Министерството за култура?

Редакција

На излез од земјата ќе се става печат со појаснување дека патните исправи се на Република Северна Македонија

Редакција