еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Зеленски ги соопшти условите на Украина за ставање на крај на војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги објави деталите од своето денешно обраќање на самитот на Г20, во кое ја претстави украинската формула со 10 предлози за мирно решение на конфликтот со Русија.

Обраќајќи им се на светските лидери, кои се собраа на самитот на Г20 во Индонезија, Зеленски рече дека сега е време да се запре руската војна во неговата земја, според мировниот план што тој го предложи.

– Украина отсекогаш била лидер во мировните напори и светот го призна тоа. И ако Русија тврди дека сака да ја заврши оваа војна, нека го докаже тоа со дела. Ние нема да чекаме Русија да ги зголеми своите сили, а потоа да започне нова серија на терор и глобална дестабилизација.

Нема да има Минск-3, што Русија ќе го прекрши веднаш по договорот, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Тој изјави дека „постои украинска формула за мир. Мир за Украина, Европа и светот“, и дека има голем број решенија што можат да се спроведат со цел „вистински да се гарантира мирот“.

– Учествувајќи на самитот на Г20, дадов предлози за такви решенија, конкретни и искрени. Украина им нуди на водечките земји во светот да бидат коавтори на мирот заедно со нас, напиша Зеленски.

Украинскиот претседател потоа на социјалните мрежи ги претстави сите 10 предлози на Киев за прекин на конфликтот со Русија: 1. Нуклеарна безбедност, 2. Безбедност на храна, 3. Енергетска безбедност, 4. Ослободување и враќање на затворениците и депортираните, 5. Имплементација на Повелбата на ОН и враќање на територијалниот интегритет на Украина и светскиот поредок, 6. Повлекување на руските трупи и прекин на борбите, 7. Враќање на правниот систем, 8. Запирање на екоцидот, 9. Спречување на ескалација и 10. Потврда за крај на војната.

За време на својот говор Зеленски истакна дека не може да има територијални отстапки од страна на Киев.

МИА/Фото: Зеленски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По војната во Украина, ќе има радикални промени не само во европската, туку и во светската политика, вели украинската амбасадорка Задорожњук

Редакција

(ВИДЕО+ФОТО) Пожар кај Пехчево: Огнот стигна над селата Робово и Умлена

Редакција

Јужното овошје и дел од зеленчукот треба да поевтинат, намалена е царината и зголемени квотите за увоз

Редакција