еМагазин
Image default
Свет

Зеленски одбил да се сретне со германскиот претседател: Штајнмаер не е добредојден во Киев

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер изјави дека понудил да ја посети Украина со други лидери на членки на ЕУ, но Киев му кажал дека негова посета е „непожелна“.

– Бев подготвен да го направам ова, но очигледно морам да кажам дека тоа не беше желба на Киев, изјави Штајнмаер за новинарите за време на посетата на Варшава.

Украински дипломат за „Билд“ изјавил дека причината зошто Зеленски одбил да се сретне со Штајнмаер е фактот што Штајнмаер имал блиски односи со Русија.

Украинскиот амбасадор во Берлин, Андриј Мелник во текот на викендот јасно стави до знаење дека Киев ја очекува посетата на германскиот канцелар Олаф Шолц наместо претседателот Штајнмаер, чија функција е главно церемонијална.

Украина побара од Германија тешко оружје, вклучувајќи тенкови и артилерија, но тоа беше блокирано од Шолц, кој инсистира на заедничка акција на ЕУ.

МИА/Фото: Зеленски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европа го затвора воздушниот простор за сите руски авиони, најави Фон дер Лајен

Редакција

Стотици деца биле сексуално злоупотребувани во домови во Лондон

Редакција

Најмалку 35 загинати по уривањето на надвозникот во Џенова

Редакција