еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Европа го затвора воздушниот простор за сите руски авиони, најави Фон дер Лајен

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на својот Твитер-профил објави дека Европската унија ќе го затвори својот воздушен простор за руски авиони

„Предлагаме забрана за сите авиони во руска сопственост, оние кои се регистрирани во Русија и се под руска контрола. Овие авиони повеќе нема да можат да слетуваат, полетуваат или летаат над територијата на ЕУ.

Тоа ќе важи за секој авион, вклучувајќи ги и оние приватните во сопственост на руските олигарси“, пишува Фон дер Лаен.

Таа најави и дека ЕУ за прв пат ќе финансира купување и испорака на оружје и друга опрема за Украина.

Додаде дека ЕУ ќе се обиде да ја забрани работата на медиумите во сопственост на Русија во Унијата и ќе воведе санкции кон Белорусија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада го затвори својот воздушен простор за руските авиокомпании

Забранет влез за руските авиокомпании во воздушниот простор на Македонија

Фото/видео: Твитер/Фон дер Лаен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Незамисливо е Камчев кој „наводно“ дал 1,5 милиони евра да нема статус на оштетено лице, вели обраната на Боки 13

Редакција

Русија се согласува со Западот војната во Украина да не прерасне во замрзнат конфликт

Редакција

Еврото на најниско ниво во последните 20 години, се зголемува стравот од рецесија

Редакција