еМагазин
Image default
Македонија

Земјотрес почувствуван во Виница, епицентарот бил во делчевско-беровскиот крај

Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје синоќа во 00 часот и 21 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа, 100 километри источно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда M L 2.4, а беше почувствуван од населението на Виница и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОА на Вранишковски повторно се обедини со Македонската православна црква

Редакција

Поднесено обвинение за Емил Јакимовски за семејно насилство и закани

Редакција

Боки 13 повторно на распит за „Рекет 2“

Редакција