еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Зошто Меркел ја „скокна“ Македонија во својата проштална турнеја на Балканот

Германската канцеларка Ангела Меркел, која заминува во пензија вчера ја посети Србија, а денеска е во посета на Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меркел ќе има пензија од 15.000 евра

Нејзината проштална турнеја е топ тема во регионов, имајќи ја во предвид нејзината посветеност на овој дел од Европа во текот на целата нејзина политичка кариера, а кај нас во јавноста и социјалните мрежи главното прашање е зошто Меркел ја посети Македонија, кога земјата требаше да си го смени името, но не и сега.

Нема дилема, Србија е многу позначајна и за Германија и за Европската Унија (ЕУ), а поради нерешеното прашање со Косово очекувано беше Меркел да го посети нашиот сосед.

Освен што им порача на Србите дека за нив меѓудругото нема влез во ЕУ, ако не се реши спорот со Косово, испрати и порака до другите земји од Западен Балкан, дека нивниот пат до Унијата ќе биде многу долг, не дека тоа не го знаеме и ние.

„Знам дека перцепцијата е оти процесот на европските интеграции тече бавно и дека европската страна поставува нови барања, но гледаме низа резултати и гледаме напредок. Внимателно се води сметка да им се поставуваат исти услови на сите држави од Западниот Балкан“, изјави Меркел од Белград.

Политичарите од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово, пак ќе треба да се задоволат со ручек со Меркел, кој ќе го имаат денеска во Тирана, Албанија, која е исто така дел од нејзината проштална турнеја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев, Димитров и Османи на средба со Меркел во Тирана

Во Тирана денеска ќе бидат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

Албанија, за разлика од нас нема пречка за нејзиниот понатамошен пат кон ЕУ, и прашање на време е кога земјата ќе биде „разделена“ од Македонија, која е блокирана од соседна Бугарија, доколку ние не го решиме тој реално нерешлив проблем.

Дали тоа е една од пораката која ја испраќа Меркел, можеме само да претпоставуваме, или можеби меѓународната заедница и испраќа некоја друга порака на македонската Влада, дека ја губи довербата поради бројните скандали, високата корупција…, за што во последно време на големо се шпекулира во политичките кругови, останува да видиме.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР склучи договор со Инфинити енерџи вреден 981,7 илјади евра

Редакција

Повторно дојави за бомби во 13 училишта во Скопје

Редакција

Детали од Обвинителството за убиството на 28-годишното момче во Гостивар

Редакција