еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пановски за смртноста на младите од Ковид-19: Починати од 20 до 40 години имаше и претходно, статистиката треба да каже дали сега се повеќе

Микробиологот Никола Пановски на прашање на „еМагазин“, зошто овој бран покоси многу млади животи вели, дека не би рекол дека за младите смртноста е висока.

„Зависи што подразбираме под млади. Точно е дека почесто се позитивни, а само мал дел од нив се тестираат, повеќето не знаат дека се инфицирани или го поминуваат како настинка. До сега имаме само еден случај на починато лице помладо од 18 години, од 6.200 починати.

Починати од 20 до 40 години имаше и претходно, статистиката треба да каже, дали сега се повеќе.

Во секој случај на поголем број на позитивни млади ќе има и поголем број на смртни случаи. Мој впечаток е дека со „медиумска промоција“ на опасниот вирус за младите се сака да се стимулираат истите да се вакцинираат.

Студијата објавена во Гардијан го демантира тоа, укажувајќи дека вакцината „Фајзер“ кај момчиња е поопасна од ковид,“ изјави Пановски за „еМагазин“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Даниловски: Зошто баш ние шампиони во смрт од Ковид-19 да бидеме?

Професор Трајковски: Доколку сметаме со 1,7 милиони жители одвишната смртност во Македонија е 615 починати на 100.000 жители

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татко осомничен за полов напад врз неговите три деца во Битола

Редакција

Ако имате лет за време на Советот на ОБСЕ, тргнете навреме имајќи го предвид посебниот сообраќаен режим, апелираат од ТАВ

Редакција

Нови 2.019 случаи на Ковид-19 од кои 254 се реинфекции, а две лица се по третпат заразени

Редакција