Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денес, 29 декември 2020 година, во 12 часот и 19 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Хрватска, 570 километри северозападно од Скопје со Рихтерова локална магнитуда M L =6.4.
Според досегашните податоци, со кои располага опсерваторијата земјотресот не е почувствуван.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.