еМагазин
Image default
Бизнис

Зголемен прометот во индустријата во првите четири месеци од годинава

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2021 година, во однос на истиот месец лани, изнесува 209.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 67,3 проценти, Капитални производи за 359,5 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 103,5  проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 34,6 проценти.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС), прометот во индустријата, вкупно, во април 2021 година, во однос на март 2021 година, е намален за 2,9 отсто, додека во периодот јануари – април 2021 година, во однос на периодот јануари – април 2020 година, е зголемен за 22 проценти.

Според податоците на ДЗС, прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи раст од 20,8 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2021 година, во однос на април 2020 година, е пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 23,8  проценти, Капитални производи за 27,6  проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 71,3  проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,3 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2021 година, во однос на март 2021 година,  се зголемил за 1,4 отсто, а зголемување за 2,4 отсто бележи во периодот јануари – април 2021 година, во однос на периодот јануари – април 2020 година.

Како што наведува статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во април 2021 година, во однос на април 2020 година, изнесува 262.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 86,6 проценти, Капитални производи за 402,7 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 10,8 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 50,1 процент.

На странските пазари прометот во индустријата во април 2021 година, во однос на март 2021 година, е намален за 4,3 отсто, а во периодот јануари – април 2021 година, во однос на периодот јануари – април 2020 година, има раст од 27,1 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Брако“ продолжува со инвестиции: Завршена обуката за управување со најсовремената ЦНЦ „Хартфорд“ глодалка, производството започнува наскоро

Редакција

„Цементарница Усје“ ја зголеми добивката

Редакција

Фруктал Мак во првите шест месеци со зголемена добивка

Редакција