еМагазин
Image default
Бизнис

ЖАС лани во минус и со блокирана сметка од извршител

За периодот 01.01.2020-31.12.2020 година, друштвото за меѓународен транспорт и шпедиција ЖАС АД Скопје остварува негативен финансиски резултат во износ од 436.839 денари, информира компанијата преку Македонската берза.

“Остварените вкупни приходи за овој период изнесуваат 44.451 денари, кои во однос на претходниот период бележат зголемување. Истите се остварени со наплата по Решение од извршител.

Износот на paсходите за периодот изнесуваат 119.357 денари, кои се состојат од банкарски трошоци, трошоци за ревизија, трошоци за извршител, фирмарина, вредносно усогласување на залихите и истите бележат пoраст во однос на претходниот период.

Амортизацијата за периодот изнесува 361.933 денари.

За овој период, друштвото нема извршено нови вложувања, ниту продажби на материјални средства, како ни нови кредитни задолжувања.

Жиро сметката на фирмата е блокирана од извршител„, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Искористени само 43.000 од вкупно 110.000 ваучери за домашен туризам

Редакција

“Европа“ лани со намалена добивка

Редакција

Дизелот поевтинува за 1,5 денари, бензинот за половина денар денар

Редакција