еМагазин
Image default
Локално

Жена повредена од заталкан куршум во семејниот двор Тетово

Во тетовската полиција вчера било пријавено дека жена е повредена од заталкан куршум.

Повредената жена била пренесена за укажување лекарска помош во тетовската Клиничка болница.

Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и се расчистува и документира случајот.

– Во 18 часот и 30 минути во СВР Тетово било пријавено дека 59-годишната тетовка С.Ш. во дворот пред семејната куќа на улица „ЈНА“ во Тетово била погодена од заталкан куршум, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пешак прегазен кај Општина Ѓорче Петров, почина на лице место

Редакција

Прилепчанка тешко повредена по удар од товарно возило

Редакција

Кривична пријава за вработена во Секторот за урбанизам во општина Охрид

Редакција