еМагазин
Image default
Бизнис

Жито лукс со добивка во првото полугодие

Во првата половина од 2023 година, Жито лукс АД Скопје оствари добивка пред оданочување во износ од 9.481 илјади денари, споредбено со минатогодишната загуба од 46.012 илјади денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.

-Приходите од продажба се зголемени за 3%, при што приходите од продажба на домашен пазар бележат зголемување за 5%, додека приходите од продажба на странски пазар се намалени за 46% во споредба со првото полугодие од минатата година.

Трошоците на произведени производи изнесуваат 403.563 илјади денари, што претставува намалување за 12% во споредба со истиот период претходната година.

Оперативните трошоци се зголемени за 3%, каде административните трошоци се зголемени за 10%, додека трошоците за продажба и дистрибуција се зголемени за 1%, во однос на првото полугодие од минатата година.

Останатите оперативни приходи во износ од 4.134 илјади денари се намалени за 50% споредено со првото полугодие од минатата година, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Асенчо Ценов се повлече од Управниот одбор на Жито лукс, Методи Пишев нов член

Жито лукс со добивка од 149 илјади денари во првиот квартал

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Макстил лани со драстично поголема добивка

Редакција

Владата одобри поддршка за печатените медиуми во износ од 30 милиони денари

Редакција

Од Грција чекаме одговор дали од 14 мај покрај со сертификат за вакцина и ПЦР, ќе може да се влезе и со брз антиген тест

Редакција