еМагазин
Image default
Бизнис

Макстил лани со драстично поголема добивка

Макстил АД Скопје, минатата година остварил добивка пред оданочување од 6,5 милиони денари, која е за 62,5% поголема од остварената во 2017 година, информира компанијата преку Македонската берза.

Нето добивката во 2018 година изнесува 4,3 милиони денари и е за 167% повисока од претходната година заради оданочувањето на непризнаените расходи, велат од компанијата.

Во текот на минатата година компанијата остварила приходи од работење во износ од 6,6 милијарди денари, од кои приходите од продажби како носечка ставка во структурата на вкупните приходи учествуваат со дури 99,3%.

„Споредено со 2017 година остварените приходи од работењето (5,8 милијарди денари) се поголеми за 13,8%. Покрај разликата во испорачаните количини и поповолните ценовни односи, во извештајниот период е евидентна и разлика и во структурата на испораките во полза на поголемо учество на сопствените продажби за сметка на испораките по основ на договори за преработка каде финансиските ефекти се значително поповолни“, велат од Макстил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комисијата за здравство ќе одлучи дали угостителите ќе работат и по 22 часот

Редакција

РКЕ почна постапка за одземање на лиценците на БЕГ

Редакција

Раст на БДП од 3,1 отсто во вториот кваратл

Редакција