еМагазин
Image default
Бизнис

Раст на БДП од 3,1 отсто во вториот кваратл

Бруто-домашниот производ (БДП) во второто тримесечје од 2019 година е зголемен за 3,1 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Најголем пораст е забележан во секторите: трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; транспорт и складирање; објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 7,5 ото;  земјоделство, шумарство и рибарство од 3,9 и атручни, научни и технички дејности; дминистративни и помошни услужни дејности од 3,6 процент.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од годинава, номинално пораснала за 4,6 отсто, а нејзиното учество во структурата на БДП изнесува 69 проценти.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 10,2, а увозот за 10,5 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Еуромакс Ресоурцес: Најавената одлука за повлекување на донесената одлука за спојување на концесиите би бил преседан кој воведува правна несигурност кај инвеститорите и недоверба во владеењето на правото

Редакција

ЕСМ за ноември ќе набави природен гас од „Макпетрол“

Редакција

Универзитетската клиника по хируршки болести вработува 21 лице, плата до 27.028 денари

Редакција