еМагазин
Image default
Македонија

Двапати нападнат лекар на кожното одделение во тетовската болница

На Кожното одделение во клиничката болница во Тетово утринава околу 9 часот бил нападнат лекар. Случајот е пријавен во тетовската полиција.

ОД СВР Тетово информираат дека напаѓачот подоцна е приведен.

-Пријавено е дека на Кожното одделение во тетовската клиничка болница физички бил нападнат лекарот А.Е.(45) од Тетово. Тој бил нападнал од пациентот А.Б.( 43 ) од Голема Речица, кој набрзо е приведен и задржан во полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата.

За настанот информираат и од Здружението на лекари Албанци во Северна Македонија каде членувал и нападнатиот лекар.

-Пациентот од нападнатиот лекар барал да добие изјава со потпис дека другиот лекарот не бил на работа каде што требало да биде примен на термин. Другиот лекар бил на состанок кај директорот. Пациентот револтиран што бил одбиен, го удрил и заминал.

Во меѓувреме дошла полиција и за 15 минути, пациентот, пак, се вратил и во присуство на полицајци го дотепал докторот кој добил сериозни повреди. Значи, ни виновен ни должен бил нападнат, изјави Невзат Елези, претседател на здружението.

По вториот напад докторот паднал во бессознание. Веднаш бил префрлен во клиничкиот центар во Скопје, каде по укажаната лекарска помош се освестил. Првично се работи за повреди во главата.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Лекарот кој беше физички нападнат е во стабилна состојба, нема сериозни повреди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иванов го потпишал Законот за амнестија

Редакција

Бомби за „Монструм“ во суд по летните одмори

Редакција

Во сите институции има лица кои доставуваат извештаи до ВМРО-ДПМНЕ, тврди министерот Спасовски

Редакција