еМагазин
Image default
Бизнис

Жито Полог во загуба во првите девет месеци

Жито Полог АД Тетово за периодот јануари – септември 2023 година оствари негативен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех, информираат од таму преку Македонската берза.

-Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – септември 2023 година изнесуваат 183,462 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2022 година бележат намалување за 45%.

Во структурата на приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите од продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во истиот период 2022 година бележат намалување за 45%.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – септември 2023 година изнесуваат 181,442 илјади денари и во споредба со истиот период во 2022 година бележат намалување за 42%.

За периодот од 01.01.2023 година до 30.09.2023 година остварена е загуба од 22,331 илјади денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сергеј Самсоненко ги продаде акциите во Жито Полог

Жито Полог со загуба во првото полугодие

„АС Сењак“ ги продаде сите акции во Жито Полог

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добивката на Скопски пазар во првиот квартал пораснала за 635%

Редакција

Од вечерва на полноќ пониски цени на бензините и дизелот

Редакција

„Мист енерџи“ го доби тендерот на македонската Пошта за набавка на струја вреден 940.000 евра

Редакција