еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Имал ли напаѓачот на Раде Трајковски Штекли помошник?

Пукањето во скопскиот трговски центар Ист Гејт ја бранува македонската јавност, а интерес за истото покажаа и медиумите во регионов.

Засега нема официјални информации за тоа кој е напаѓачот на Раде Трајковски Штекли и лицето кое беше со него за време на инцидентот, а од Министерството за внатрешни работи потврдија дека станува збор за криминална пресметка, дека формирало штаб и дека собираат информации за инцидентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вознемирувачко видео од нападот на Раде Трајковски Штекли во Ист Гејт

Објавени се и фотографии од напаѓачот и видео од нападот, а медиумите претпоставуваат дека тој можеби имал и најмалку еден помошник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови фотографии од напаѓачот на Раде Трајковски Штекли, од обложувалница

(Фото) МВР објави фотографија од напаѓачот на Раде Трајковски Штекли во Ист Гејт

Според телевизијата Телма, првичните претпоставки покажуваат дека сигурно е вклучено уште најмалку едно лице кое било на вториот кат во трговскиот центар каде се наоѓа фитнес центарот, во кој редовно вежбале Штекли и неговиот пријател.

Според телевизијата по излегувањето од фитнес центарот, вториот учесник во заседата, “набљудувачот“, го известил “егзекуторот“, кој бил три нивоа подолу во центарот дека “таргетот“ тргнал кон планираното место на заседа.

„Егзекуторот“ до тогаш најверојатно бил во обложувалница, објави Фокус.

Според Телма, по дојавата тој излегол од обложувалницата, а кога Трајковски и неговиот пријател стигнале на нивото -1 и почнале да се спуштаат кон гаражата со подвижните скали им пришол и од зад грб (како што се гледа на видеото погоре) ги застрелал додека жртвите не можеле да се сокријат или да избегаат од ескалаторот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кој е Раде Трајковски Штекли, кој по вторпат е мета на вооружен напад

(Фото) Веста за пукањето во Ист Гејт одекна и во регионов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендиков не е бугарски државјанин, еден од неговите напаѓачи е

Редакција

Еден починат, тројца повредени: ЦУК со детали за акцијата за извлекување на планинарите кај Титов Врв

Редакција

На Денот на независноста на Косово, албанската опозиција во Македонија потпиша декларација за обединување

Редакција